Според моето искуство (и со сите со кои разговарав за ова), првата шолја кафе е секогаш најдобрата во денот. Тоа не важи за секое задоволство.
Често знам да си направам експерименти со утринското кафе, па доколку не сакаш да внесуваш млечни производи ова е твојот избор две во едно. Внесувам протеин и го пијам моето омилено кафе.
-
Selenium 100 µg Mono Capsules1.390,00€
-
100% PURE WHEY-2270GR3.990,00€
Потребни состојки:
- 1 лажица нескафе
- 30 гр. Чоколаден протеин од нашата продавница BIOTECH (купи тука)
- 100 мл. Млеко по ваш избор јас користев кравјо овој пат
- Неколку парчиња сечкано чоколадо
Начин на подготовка:
- Начинот на подготовка е многу едноставен, со што во шолја за кафе ги ставате нескафето, протеинот и 30 мл. млеко и постепено при самото миксирање додавате од млекото, за да се направи добра пена.
- Додадете неколку парчиња сечкано темно чоколадо.
- Уживајте во вкусот!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.