Наутро ни е најпотребна енергија, па често знаеме да си кажеме” јас ќе доручувам само протеини”, без да внесите јаглехидрати? Но без јаглехидратите ништо не правиме. Oвесот има висока биолошка вредност, а добрата вест е дека сè повеќе започнува да се користи во исхраната и тоа најмногу како појадок.
Поради својата навистина богата хранлива вредност, чиата се смета за ,,супер-храна”.
Во само 28g чиа семе се содржи:
- 137kcal
- 12,3g јаглехидрати
- 4,4g протеини
- 8,6g масти
- 10,6g растителни влакна (44% од ДПВ)– 0,6mg манган (30% од ДПВ)
- 265mg фосфор (27% од ДПВ)
- 177g калциум (18% од ДПВ)
- 1mg цинк (7% од ДПВ)
- 0,1mg бакар
- 44,8mg калиум
За денес имаме комбинација од чиа и овес, богатство од хранливи состојки.
Потребни состојки:
- 2 лажици овесни снегулки
- 3 лажици чиа семе
- 250 мл јогурт
- 1 рака малини
Начин на подготовка:
- Во две чаши ги распоредуваме чиа семето и овесните снегулки
- Го делиме јогуртот по чашите
- Промешуваме да се натопат овесните и чиа семето
- Оставаме преку ноќ
- Следното утро ги соединуваме во иста чаша и меѓу нив ставаме неколку малини
- За декор додадов и малку боровинки и аронија
Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.